Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Дали уцена го мотивира Филипче да не отстапува од бугарската агенда?

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Најголемите национални предавства и порази се случија токму додека СДС беше власт, промена на името, промена на знамето, уставни измени, и сите овие оставија последици врз националното достоинство.

Од СДС повторно, дури и во опозиција, испраќаат пораки дека се подготвени на нови отстапки. Јавноста се изнаслуша изјави дека СДС се подготвени да ја редефинираат македонската историја, а Филипче гордо вели дека тој ќе ги спроведел уставните измени и со месеци прави напори да се доближи до Бугарија, а во процесот го релативизира македонскиот идентитет.

За СДС и Филипче, уставните измени не се прашање на државен интерес. За нив тоа е само чекор кој треба да го направат за да дојдат на власт, па затоа постојано се додворуваат на Румен Радев и Бугарија.

Јасно беше дека воопшто не им е битна Македонија, македонските граѓани, ниту пак македонските интереси, откако Филипче ги усогласи своите ставови со бугарското МНР, иако позициите на Софија за евроинтегративниот пат на Македонија остануваат и понатаму непроменети и цврсти.

На Филипче не му е проблем да прифати наративи кои го доведуваат македонскиот идентитет, историја и јазик во прашање. Не му е проблем да потпише дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, и да ја редефинира историјата.

Наместо тоа, од СДС се занимаваат со промовирање на нови програми, која Филипче помпезно ја најавуваше и која ја рефлектира нивната хипокризија, дека ќе се борат против се она што токму тие самите го правеа додека беа на власт.

Под маската на европска перспектива, Филипче и СДС се обидуваат да соберат поени и да остават подобар впечаток во Софија. СДС се бори за обезличена Македонија.

На СДС им пречи тоа што оваа Влада води политика заснована на заштита на националните интереси и достоинството на државата. Им пречи тоа што Македонија има јасни позиции, а не политика на постојани отстапки и попуштања.

ЕУ гледа на Макдонија како држава која е сериозна, која работи на модернизација и која има сериозна намера да напредува, и се позиционира како одговорна држава и позитивен пример во регионот.

Но останува едно прашање, на кое што СДС и Филипче не даваат одговор. Зошто толку упорно инсистираат на уставни измени без гаранции, и се залагаат за исполнување на туѓи агенди.

Која е причината поради која Венко Филипче не отстапува од оваа агенда и со што е уценет?

Можеби ќе ве интересира

НОЌНА ДРАМА ВО СЕМЕЕН ДОМ ВО СКОПЈЕ: Повредени неколку лица, обвинителството отвори постапка против 36-годишник

ДЕСК

АКЦИЈА НИЗ ЦЕЛА ДРЖАВА: 15 возачи завршија во полиција поради безобѕирно управување

ДЕСК

Апсење во Тетово

ДЕСК