Centar.mk
СВЕТ

Израелска војска: Пресретнавме дрон од Јемен

Израелските воздухопловни сили пресретнаа дрон од Јемен над јужен Израел, соопшти војската рано утрово.

Војската на Икс соопшти дека инцидентот во воздушниот простор над градот Еилат на Црвеното Море завршил, без да прецизира која група ја смета за одговорна за нападот со беспилотното летало.

Хутите, проиранска вооружена група што дејствува во Јемен, ја презедоа одговорноста за нападот врз Израел во понеделник, во кој беа вклучени неколку ракети.

Ова беше првиот директен напад на Хутите врз Израел од почетокот на април, околу времето кога стапи на сила прекинот на огнот во војната меѓу САД и Израел против Иран.

Нападот се случи по последната размена на оган меѓу Израел и Иран. Двете земји подоцна во понеделник соопштија дека привремено се воздржуваат од понатамошни напади./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – Повеќе вештини за индустријата и новите технологии

ДЕСК

РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп разговараше за хуманитарната операција во Олешки

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО ПАРАГВАЈ – Пења најави оставка по потресот со банката „Уено“

ДЕСК