Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес конференцијата во рамки на меѓународната конференција „Скопска иницијатива“се осврна на пораките од Самитот за Западен Балкан на Европската Унија во Тиват, нагласувајќи дека процесот на европска интеграција влегува во клучна фаза која државата не смее да ја пропушти.

Филипче истакна дека самитот испрати јасен сигнал дека Западниот Балкан припаѓа во Европската Унија и дека за првпат се отвораат нови, олеснети механизми за приближување кон членство.

„После вчерашниот самит за Западен Балкан на Европската Унија во Тиват во којшто за првпат вака јавно и во оваа форма сите земји членки на Европската Унија кажуваат дека Западниот Балкан припаѓа во Европа, нудат механизми за првпат со коишто се олеснува нашата евроинтеграција и со коишто бенефитите од членство се добиваат многу повеќе и се чувствуваат дури и за време на преговорите, а не откако земјата ќе стане членка на Европска Унија“, порача Филипче.

Тој потенцираше дека „отворената врата“ мора да се искористи без одложување, бидејќи станува збор за иднината на државата и животниот стандард на граѓаните.

„Да не ја испуштиме шансата затоа што сепак станува збор за иднината на државата, за благосостојбата и квалитетот на живот на граѓаните кои живеат тука, коишто со децении го чекаат овој момент“, нагласи Филипче.

Осврнувајќи се на претходните искуства во евроинтегративниот процес, Филипче потсети дека земјата веќе се соочила со блокади и разочарувања.

„Сме имале многу разочарување во минатото, имало разочарување и од Европската Унија. Едно од тоа беше ветото на Франција пред неколку години кога сите очекувавме да се случи почеток на преговори, но тоа не се случи. Но сега треба да се направи чекор и да се почне со преговорите и отворањето на поглавјата.“, рече Филипче.

Тој додаде дека иднината на целиот регион е во Европската Унија и дека европската перспектива мора заеднички да се реализира.

„Иднината на Европската Унија е вклучувањето на Западен Балкан и вклучувањето на Република Северна Македонија како полноправни членки. Исто така иднината на Северна Македонија е во Европската Унија и иднината на целиот регион е во Европската Унија. Овие два процеси заеднички треба да се одвиваат и конечно да го обединат целиот континент“, потенцираше Филипче.

Можеби ќе ве интересира

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК

НЕСРЕЌА НА УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“: Малолетник со електричен тротинет удрил во триесет и двегодишна жена

ДЕСК

Филибек: Му честитам на Филипче за лидерството и за оваа „Скопска иницијатива“

ДЕСК