Centar.mk
фото СДСМ
МАКЕДОНИЈА

Филибек: Му честитам на Филипче за лидерството и за оваа „Скопска иницијатива“

Прес конференција на Џакомо Филибек – генерален секретар на ПЕС, Скопска иницијатива:

Моето име е Џакомо Филибек и тука сум во име на Партијата на европските социјалисти. Би сакал да му честитам на Венко Филипче и на СДСМ за работата што ја направија во Северна Македонија, како и за покренувањето на Скопската иницијатива. Исто така, сакам да ѝ честитам и на Даша Шиловиќ и на нејзината мрежа за сета работа што ја реализираат во земјата.

Во Северна Македонија е јасно кој политички субјект го трасираше патот кон меѓународната и европската интеграција на државата. Тоа е СДСМ.

Тука сум и со една јасна порака во однос на заморот што се чувствува во јавната дебата за интеграцијата на земјата во Европската Унија. Тој замор е последица на недостигот од политичка волја и решителност кај актуелната власт. Националистичката реторика што ја поттикнуваат не помага во процесот, туку дополнително ја збунува јавната дебата за европската иднина на државата.

Пораката што сакам да ја пренесам е јасна: иднината на Европската Унија е поврзана со интеграцијата на Западен Балкан и со полноправното членство на Северна Македонија во европското семејство. Истовремено, иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, заедно со останатите земји од регионот. Тоа се два процеса кои мора да се движат паралелно и заедно да придонесат за конечно обединување на европскиот континент.

Партијата на европските социјалисти е целосно посветена на оваа цел. Ние стоиме заедно со СДСМ, со Венко Филипче и со членовите на партијата, и им посакуваме успех на претстојниот конгрес.

Процесот на проширување не е само административна процедура или исполнување на формални услови. Реформите не треба да се спроведуваат затоа што тоа го бара Брисел, туку затоа што тие го подобруваат животот на граѓаните и го прават општеството подобро и поправедно.

Борбата против корупцијата, владеењето на правото, социјалната правда, слободата на медиумите и родовата еднаквост не се само политички пароли. Тоа се темели на модерното европско општество и придобивки што директно им служат на граѓаните.

Во изминатите години СДСМ покажа лидерство токму во овој процес и го трасираше патот на реформите. Денес постои реална можност за напредок и таа шанса мора да се искористи. Европската Унија покажува јасна подготвеност за проширување, а тоа го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за време на неговата посета на земјите од регионот.

Затоа е неопходно да се продолжи по патот на реформите. Тоа е патот што носи придобивки и за граѓаните на Северна Македонија, и за граѓаните на Западен Балкан, и за цела Европа.

Ви благодарам.

Можеби ќе ве интересира

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК

НЕСРЕЌА НА УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“: Малолетник со електричен тротинет удрил во триесет и двегодишна жена

ДЕСК

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

ДЕСК