На 05.06.2026 околу 10:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово, електричен тротинет управуван од 16- годишен малолетник од село Лисец, удрил во 32-годишната И.Ѓ. од село Непроштено.
По несреќата, И.Ѓ. е пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош, од каде поради сериозноста на здобиените повреди, е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. На местото на настанот е извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Тетово.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


