Centar.mk
ЛОКАЛНО

Се асфалтира ул. „111“ во м.в Јака – Марино, општина Илинден

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на локалната патна мрежа. Во рамки на активностите, денес беше започнато асфалтирање на улицата „111“ во месноста Јака, во населеното место Марино.

Станува збор за улица со вкупна должина од 550 метри и широчина на коловозот од 6 метри, со изградба на тротоар со широчина од 1,5 метри и отворен одводен канал долж целата улица за прифаќање и одведување на атмосферските води од коловозот.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во асфалтирањето и истакна дека со реализација на овој проект ќе се комплетира мрежата на главни пристапни улици во месноста Јака, со што ќе се овозможат подобри услови за безбедно и непречено движење на возилата и пешаците, како и полесен пристап за жителите од овој дел на општината.

Овој инфраструктурен проект е дел од континуираните напори на локалната самоуправа за модернизација и уредување на инфраструктурата во сите населени места, и истиот се реализира со средства од Владата на Република Македонија. Локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи со инвестиции во патната и комуналната инфраструктура, со цел обезбедување поквалитетни, побезбедни и посовремени услови за живот на сите граѓани.

фото: Општина Илинден

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот Александар Георгиевски учествуваше на регионален форум посветен на Зелената агенда

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза – победи зеленилото наспроти бетонизацијата

ДЕСК

Вучевска Петковска: Крива Паланка тоне во долгови, а ветените мерки за пензионерите, бесплатниот оброк за учениците и пречистителната станица останаа само на хартија

ДЕСК