Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Сите лаги на Мицкоски паднаа во вода- без разлика на предлозите за нова динамика, мора да се почитуваат европските правила

Соопштение на СДСM:

Сите лаги на Хрисијан Мицкоски паднаа во вода.

Иницијативата на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за нова динамика на интеграција на Западен Балкан, претставува уште една потврда на она што го говори СДСМ, дека има расположение во ЕУ за прошрување но Македонија мора да ги спроведе реформите и да ги внесе малцинствата во Уставот.

„Нашата заедничка цел е да ја комплетираме Унијата како вистинска Европска Унија. За да ја оствариме оваа аспирација и да внесеме нова динамика, мора да обезбедиме дополнителни стимулации како дел од постепен процес на интеграција базиран на заслуги и да го поедноставиме тековниот процес за да го направиме поефикасен и да овозможиме побрза и подлабока интеграција во ЕУ врз основа на Копенхашките критериуми“, стои во заедничкиот документ (position paper).

Копенхашките критериуми, донесени во 1993 година, се основните „правила на игра“ за влез во Европската Унија. Тие се поделени во три групи:

Политички критериуми – стабилни демократски институции, владеење на правото, почитување на човековите права и заштита на правата на малцинствата.

Економски критериуми – функционална пазарна економија и способност да се издржи конкурентскиот притисок во ЕУ.

Правни критериуми (acquis) – способност целосно да се усвојат и применат сите европски закони (целото европско право).

Особено е важен политичкиот критериум, кој бара владеење на правото и усогласеност на законодавството со европските стандарди.

Ова значи дека Македонија мора да го прифати и да го спроведува целото европско право, а не само дел од него.
Без оглед на тоа дали ќе има забрзан или постепен процес на интеграција, овие критериуми остануваат задолжителни.

Ниту една скратена постапка не може да ги заобиколи.

Уставните измени и внесувањето на малцинствата во Уставот се дел од тие основни правила. Мицкоски и неговата криминална група и понатаму се обидуваат да ја лажат јавноста дека постојат „дополнителни гаранции“.

Тоа е чиста лага. ЕУ јасно порача дека постојат само уставни измени – сè друго е измислица.

Ова го порача Антонио Кошта при својата посета на Скопје, а вчера истото го порачаа и Томас Вајц и Европскиот парламент во својот извештај.

Денеска тоа го кажа и Евроамбасадорот Рокас кој потенцираше дека уставните измени и обврските мора да да бидат исполнети.

Денеска, дури и бугарскиот премиер Румен Радев на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват потврди дека единственото што треба да го направи Северна Македонија е да ги впише Бугарите во Уставот за да почнат преговорите со ЕУ.

Можноста постои и не смее да се пропушти.

Ако го пропуштиме овој момент, ќе го пропуштиме возот. Кој знае кога потоа ќе можеме да очекуваме продолжување на интеграциите.

Можеме да чекаме со децении, како што кажа Мицкоски – што очигледно е негова желба.

Доста беше пропаганда, време е граѓаните да ја знаат вистината.

Граѓаните сами треба одлучат дали сакаат изолација или интеграција. Дали ќе бидеме дел од Европа или, како што вели ВМРО, ќе јадеме корења, но нема да ги внесеме малцинствата во Уставот.

Нека граѓаните одлучат што сакаат. Корења за себе и за своите деца или подобар живот во европска Македонија со заштитени јазик, култура и македонски идентитет.

Распишете референдум!

Реформи сега. Европа сега.

Можеби ќе ве интересира

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК

Лукаревска: ВМРО ја држи во заложништво европската иднина на Македонија

ДЕСК