Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски задоволен од средбите со Макрон и Мерц во Тиват: Процесот на проширување е жив, членките на ЕУ ја разбираат нашата позиција

Во рамки на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој се одржа денес во Тиват, Црна Гора, претседателот на владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски даде изјава за медиумите во која оцени дека процесот на проширување на Европската Унија останува жив.

„Ова се моменти кога практично Европската унија, односно Европскиот Совете јасно кажува дека процесот на проширување останува жив. Она што е наша задача како Влада е тој процес да го зачуваме, да напредуваме, но истовремено да не го изгубиме достоинството, како што тоа беше пример во минатите децении, кога станува збор за нашите македонски аспирации за членство во рамките на Европската Унија. Нашата цел е да останеме држава која што испорачува најмногу реформи и истовремено да останеме фокусирани на проширувањето и да го сочуваме националното достоинство.“ рече премиерот Мицкоски.

Претседателот на Владата се осврна и на средбата со германскиот канцелар Мерц којашто ја оцени како прилично конструктивна и истакна задоволство од разговорот.

„Ние се знаеме и од рамките на Европската народна партија, но еве ова беше прв состанок помеѓу два премиери и јас сум исклучително задоволен од состанокот. Исклучително сум задоволен и од она што вчера го разговаравме и со претседателот Макрон на работната вечера и со претседателката на Комисијата, Фон Дер Лајен. Уставните измени кои ги прифати претходната Влада беа тема на разговорот, но нашиот став е тој, ние заслужуваме многу повеќе од потпросечни политички медиокритети, како што беше претходната влада, да ни ја креираат европската судбина и мислам дека голем дел од земјите членки на Европската Унија тоа го разбираат. Процесот на проширување е жив и добро е што таа порака денес лидерите на земји членки на ЕУ ја испратија.“ заклучи Мицкоски.

фото Влада

Можеби ќе ве интересира

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК

Лукаревска: ВМРО ја држи во заложништво европската иднина на Македонија

ДЕСК