Centar.mk
БИЗНИС

Македонски студенти по архитектура учесници на реномираниот натпревар Saint-Gobain Architecture Student Contest 2026

Креативност, урбана визија и одржливи решенија за градовите на иднината – ова се елементите што ги дефинираа проектите на 21-то издание на Меѓународниот студентски архитектонски натпревар организиран од компанијата Saint-Gobain кој ќе се одржи во Белград 23-25 јуни, 2026.

Повеќе од две децении, натпреварот стана еден од најважните меѓународни настани посветени на идните архитекти, инженери и дизајнери, нудејќи им можност да работат на реални теми, со конкретно социјално и урбано влијание.

Оваа година со свој проект учествува и три член македонски тим на студенти од Архитектонскиот факултет на УКИМ во Скопје, Анастасија Мојсоска, Ана Звездакоска и Деспина Јулоска, под менторство на професор Михајло Зиноски.

Тие ќе се натпреваруваат со проекти од 34 земји, од повеќе од 214 универзитети и над 1360 учесници.

Оваа година во фокусот на конкурсот е ревитализацијата на академскиот јахтинг клуб на реката Сава во Белград, со акцент на неговата модернизација и одржливост. Исто така проектот вклучува и проектирање на современ центар за спорт, рекреација и урбан живот, каде ќе можат да се сместат спортистите, и да имаат идеални услови за подготовка, како и целосно урбанистичко уредување на околниот простор, со цел да се создаде функционална и визуелно поврзана целина меѓу двата објекта. Задачата вклучува внесување нов ритам во овој историско значаен објект, поврзување на старото со новото, зголемување на зелените површини, отворање на просторот за пешаци и велосипедисти, севкупно креирање решение кое ќе ги задоволи современите еколошки потреби на градот.
„Горди сме што како факултет повторно земаме учество на овој навистина реномиран и инспиративен интернационален настан. Архитектонскиот студентски натпревар на Saint-Gobain им даде одлична можност на нашите студенти да ги покажат проектантските вештини, и да прифатат предизвик да работат на реална тема и понудат решение кое ги поврзува одржливоста и современиот начин на живот, аспекти на кои се темели архитектурата на иднината“, изјави професорот Зиноски.

За многу студенти, овој конкурс претставува важно искуство на почетокот на нивниот професионален развој, имајќи во предвид дека голем број на проекти од претходните изданија прераснале во референтни решенија и први чекори во архитектонската кариера.
На конкурсот ќе се изберат три најдобри интегрирани решенија со вкупна награда од 11.500 евра, а кои ќе придонесат кон уредување и развој на градот Белград, ставајќи акцент на квалитетот на јавниот простор, одржливоста и современите архитектонски практики.

Можеби ќе ве интересира

Средба на гувернерот Славески со директорот на ЕБОР, Желињски: Продлабочување на соработката за поддршка на одржливиот економски развој и финансиската вклученост

ДЕСК

На музиката ѝ е место и меѓу банкарските шалтери – Young Dadi со ексклузивен popup настап за клиентите на Халкбанк

ДЕСК

Рудник Саса го одбележа Светскиот ден на животната средина со иницијатива за биодиверзитет и климатска акција

ДЕСК