„Читај ја Македонија!“ е културно-образовен проект на претседателката на невладината организација Македонски културен центар во Москва, поетеса и преведувачка Олга Панкина, која континуирано го реализира од 2014 година. Во рамки на овој проект таа организира големи книжевни изложби, одржа литературни средби на кои ги претстави делата на македонските класици, современи прозаисти, поети и драматурзи.
Книжевно-уметничката средба одржана на 4 јуни 2026 во Центарот за словенски култури во Москва имаше наслов Зборот и Ликот. Панкина ги потсети присутните за создавањето на словенското писмо кое потекнува од македонската земја, нагласувајќи ја улогата на сесловенските просветители свети рамноапостолни браќа Кирил и Методиј.
Панкина го претстави романот „Азбука за непослушните“ од Венко Андоновски, во кој писателот-ерудит ја прикажува сопствената историја за создавањето на словенската азбука. Во Русија книгата има голем успех и веќе преживеа три изданија.
Присутните го слушнаа извадокот од романот, како и избор поезија на македонските автори чии песни исполнети со љубов и почит кон зборот и мајчиниот јазик (Блаже Конески, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Влада Урошевиќ и други) во изведба на актерите од Театарот „Город“, кои исто така блескаво одиграа три сцени од претставата „Чернодрински се враќа дома“ на Горан Стефановски.
Во рамки на настанот била изведена македонска народна музика, биле прикажани видеоматеријали за културата и природните убавини на Македонија.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


