Centar.mk
фотографијата е генерирана со AI за потребите на Centar.mk
СВЕТ

Силно невреме го погоди Рим: ветерот корнеше дрвја и урна тезги на пазарот

Италијанската престолнина денес беше погодена од бура со обилни врнежи од дожд, а се појави и торнадо кое собори дрвја и тезги на пазарот во Рим.

Обилните дождови доведоа до прелевање на атмосферската канализација и поплави во населбите Номентано, Саларио и Париоли, каде што сообраќајот беше запрен бидејќи нивото на водата речиси ги покри автомобилите, јавува „АНСА“.

Многу други делови од Италија денес беа погодени од обилни дождови кои предизвикаа поплави, особено во Фриули, Тоскана и Лацио, јавува Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО ПОЛСКА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА – Туск најавува продолжување на реформите во Уставниот суд

ДЕСК

МОЖНИ НОВИ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА – Зеленски спомена период од 6 до 10 ноември

ДЕСК

МЛАДИТЕ НИЗ ЕВРОПА ИЗЛЕГУВААТ НА УЛИЦИТЕ – Скапите станови, платите и образованието предизвикуваат незадоволство

ДЕСК