Centar.mk
СВЕТ

Рекорден број странци добиле германско државјанство во 2025 година

Бројот на натурализации во Германија достигна рекордно ниво во 2025 година, кога околу 332.500 странци добиле германско државјанство, според податоците од Федералниот завод за статистика на земјата.

Ова претставува раст од 14 проценти во споредба со 2024 година и највисоко ниво од почетокот на статистичкото следење во 2000 година, кога бројот на натурализации никогаш не надминал 300.000 годишно, објави „Шпигел“.

Поголемиот дел од натурализациите се однесувале на стандардни процедури кои бараат најмалку пет години престој, како и стекнување државјанство преку брак и за деца, што заедно сочинуваат 91 процент од сите случаи.

Поголемиот дел од новите граѓани доаѓаат од Сирија, иако нивниот број се намалил за 21 процент на 65.600.

По нив следуваат граѓаните на Турција, чиј број се зголеми за 51 процент на 34.100, како и граѓаните на Русија со 19.700 нови натурализации.

Исто така, значително зголемување имаше и на бројот на натурализирани граѓани од Босна и Херцеговина, за 126 проценти на 8.800, како и од Соединетите Американски Држави, каде што бројот се удвои на 6.600.

Според податоците, растот на натурализациите се поврзува со реформата на законот за државјанство, што овозможи пошироко прифаќање на двојното државјанство од крајот на јуни 2024 година.

Претходната програма за забрзана „турбо натурализација“ речиси престана да се спроведува, пренесуваат агенциите во регионот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Арапските земји бесни на Иран

C +

Нетанјаху: Војната со Иран не е ни блиску до крај, но за сè одлучува Трамп

C +

Макрон се сретна со Маѓар: Почна нова ера за Унгарија и за нашата Европа

C +