Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Распишете референдум, граѓаните да одлучат за иднината на земјата

Соопштение на СДСМ:

Мицкоски на власт дојде со лага, ги излажа граѓаните за името, за Преспанскиот договор, ги излажа дека бил загрозен македонскиот идентитет.

Нема Мицкоски право да одлучува за иднината на сите граѓани.

Затоа Владата да не бега, нека распише референдум и нека им дозволи на граѓаните сами да одлучат за иднината на државата.

Не може Владата да се крие зад изговорот дека нема пари за референдум на кој граѓаните треба да одлучат за најважното прашање.

Ние не прифаќаме таков изговор.

Кога има пари за тендери, за нов авион и за луксузен живот на Мицкоски и неговата криминална организација – мора да има пари и за одлука за судбината на младите, на државата и на сите граѓани.

Мицкоски вели дека „ќе ја платиме цената“ и дека треба „да чекаме со децении„ за членство во Европската Унија.

Не е Мицкоски тој што ќе ја плати цената. Не се министрите и функционерите од Владата кои веќе си обезбедиле бугарски односно европски пасоши за себе и за своите семејства.

Цената ќе ја платат граѓаните.

Цената ќе ја платат младите луѓе кои ќе продолжат да ги пакуваат куферите и да ја бараат својата иднина надвор од Македонија.

Цената ќе ја платат семејствата кои ќе останат разделени.

Цената ќе ја плати целата држава ако остане заглавена во изолација додека соседите напредуваат кон Европската Унија.

Ова не е прашање на една политичка партија. Ова е прашање за иднината на секој граѓанин и на секое младо лице во Македонија.

Граѓаните не сакаат некој друг да ја крои нивната судбина.

Не сакаат политичарите да носат одлуки во нивно име за иднината што тие ќе ја живеат.

Престанете да бегате од граѓаните.

Распишете референдум. Граѓаните нека одлучат!

Можеби ќе ве интересира

МОПЕД ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И УДРИЛ ВО ДРВО: Осумнаесетгодишник тешко повреден во валандовско

ДЕСК

Пратеничката Лукаревска на настани на ПССЕ во Атина посветени на човековите права и инклузијата

ДЕСК

СДСМ: Уште само еден ден до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за Реформската агенда

ДЕСК