Centar.mk
фото Собрание
МАКЕДОНИЈА

Пратеничката Лукаревска на настани на ПССЕ во Атина посветени на човековите права и инклузијата

Пратеничката Сања Лукаревска учествува на седницата на Комитетот за еднаквост и недискриминација на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПССЕ), и на меѓународната конференција за борба против антиромството во Атина.

Пратеничката Сања Лукаревска, заменик-член на Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во ПССЕ) и член на Комитетот за еднаквост и недискриминација, учествуваше на двата значајни настани одржани во Атина на 28 и 29 мај 2026 година, во парламент ма Грција.

На 28 мај, Лукаревска учествуваше на редовната седница на Комитетот за еднаквост и недискриминација на ПССЕ, на која беа разгледани клучни теми поврзани со родовата еднаквост и недискриминацијата во европски рамки. На седницата беа усвоени нацрт-резолуции за насилна порнографија и за елиминирање на родовите стереотипи во медиумите, а дискусија беше водена и за влијанието на вештачката интелигенција врз родовата еднаквост. Покрај тоа, Комитетот разговараше и за влошувањето на правата на жените, со учество на активистки и пратенички, укажувајќи на потребата од итна меѓународна реакција.

На 29 мај, Лукаревска учествуваше на меѓународната конференција насловена „Моќта на меморијата: борба против антиромство преку наследство и култура“, организирана во рамките на Грчкиот парламент. Конференцијата се одвиваше во две тематски сесии. Првата сесија беше посветена на меморијата како форма на отпор и на зачувувањето на историјата на Ромите и патувачките народи во функција на борбата против антиромство, а втората сесија беше фокусирана на повраќањето на наративот и на улогата на ромската култура и идентитет во процесите на инклузија. Настанот претставува истакната платформа за размена на искуства и политики меѓу пратеници и претставници на граѓанскиот сектор од земјите-членки на Советот на Европа.

Учеството на пратеничката Лукаревска на овие настани ја потврдува посветеноста на нашата држава кон европските вредности на еднаквост, недискриминација и заштита на правата на ранливите заедници, а особено на ромската популација, чија борба за рамноправно место во европското општество останува меѓу најважните приоритети на меѓународната агенда за човекови права.

фото Собрание

Можеби ќе ве интересира

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК