SpaceX на Илон Маск го одложи лансирањето на својата масивна ракета Starship и објави дека планира нов обид за долгоочекуван тест лет за денес.
Веста доаѓа само еден ден откако компанијата ги откри плановите за излегување на берза, каде што успешното лансирање на новата моќна ракета би можело да помогне во привлекувањето на инвеститорите да купуваат акции, објавува BBC.
Рекордно излегување на берзата
Првичната јавна понуда (IPO) на технолошката берза Nasdaq треба да биде најголемата во историјата на Волстрит, а тргувањето со акциите, под симболот SPCX, треба да започне веќе следниот месец.
Благодарение на акциите што ќе ги поседува во SpaceX, овој потег би можел да го направи Маск, веќе најбогатиот човек во светот, првиот билионер во историјата.
Проблем со кулата за лансирање
Маск изјави на социјалните медиуми дека неисправен хидрауличен клин на дел од кулата за лансирање го предизвикал одложувањето./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


