Centar.mk
СВЕТ

Светската банка планира помош до 100 милијарди долари за Блискиот Исток

Светската банка би можела да обезбеди помеѓу 80 милијарди и 100 милијарди долари финансиска помош за земјите тешко погодени од војната на Блискиот Исток во период од околу 15 месеци, изјави денес претседателот на мултилатералната институција за развој, Аџај Банга.

Механизми за финансирање

Од таа сума, помеѓу 20 и 25 милијарди долари би биле достапни преку механизмот за одговор на кризи, кој им овозможува на земјите да користат до 10 проценти од средствата што веќе се наменети во рамките на постојните програми.

Дополнителни 30 до 40 милијарди долари би можеле да се обезбедат со пренамена на средствата од постојните програми, рече Банга.

Што ако војната продолжи?

Доколку конфликтот продолжи и по тој период, Светската банка ќе треба да најде дополнителни извори на финансирање за да ја достигне целта од 80 до 100 милијарди долари, рече Банга на настан организиран од Bretton Woods Committee./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трагедија во Чешка: му се слошило пред полагање на матура, паднал и починал

C +

Здравствена тревога во Италија: Сомневање за ебола кај двајца повратници од Африка

C +

САД повторно го нападна Иран

C +