Centar.mk
СВЕТ

Блокадата целосно ја запре поморската трговија со Иран, тврди Централната команда на САД

Американската војска вели дека поморската блокада, која беше воведена претходно оваа недела, „целосно ја запре економската трговија“ со Иран.

Блокадата на иранските пристаништа беше „целосно спроведена“ за да се обезбеди „поморска супериорност на САД на Блискиот Исток“, соопшти Централната команда на САД, додавајќи дека ниту еден брод не поминал низ блокадата во првите 24 часа.

Во исто време, американските сили обезбедуваа поддршка на бродовите што патуваат низ Ормускиот теснец кон пристаништата надвор од Иран.

Мерките доаѓаат откако Доналд Трамп претходно се закани дека ќе ги „елиминира“ брзите напаѓачки бродови на Техеран доколку се приближат до американските воени бродови. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одговори со предупредување дека заканите за теснецот „ќе имаат далекусежни последици за светот“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Израелската армија издаде предупредување за евакуација до жителите на јужен Либан

C +

Либански медиуми: Израелската армија погоди два автомобила во близина на Бејрут

C +

Ирански медиуми: Ирански супертанкер помина низ Ормускиот теснец без никакво криење

C +