Centar.mk
фотографијата е генерирана со AI за потребите на Centar.mk
НАУКА

Откриен тектонски фрагмент што може да предизвика земјотреси до 9 степени во еден ден од светот

Откриен е древен тектонски фрагмент наречен „Пионер“ длабоко под северниот брег на Калифорнија, кој би можел да предизвика земјотреси со јачина до 9 степени според Рихтер, пренесува „Еуроњуз “, повикувајќи се на списанието Science.

Според најновата студија на тим геолози, овој фрагмент некогаш бил дел од огромната тектонска плоча Фаралон. До неодамна се сметало дека остатоците од оваа плоча целосно биле апсорбирани од Земјиниот омотач, но новите податоци покажуваат дека „Пионер“ преживеал и сè уште активно се движи под земјата.

Истражувачите наведуваат дека Пацифичката плоча го „заробила“ овој фрагмент пред околу 30 милиони години, по што тој мигрира кон север, однесувајќи се како „заглавена плоча на подвижна лента“. Откриен е благодарение на серија мали земјотреси со ниска фреквенција, кои им овозможиле на сеизмолозите да ја „осветлат“ неговата форма длабоко во внатрешноста на Земјата.

Фрагментот се наоѓа на место каде што се среќаваат три големи тектонски плочи, една од најсеизмички активните области во САД.

Откритието значително го менува досегашното научно разбирање за регионот. Наместо три, сега се смета дека најмалку пет тектонски структури меѓусебно делуваат под површината. Ова ја зголемува контактната површина во зоната на субдукција, каде што се можни разорни земјотреси и до 9 степени, со потенцијал да предизвикаат цунами низ Тихиот океан.

Научниците истакнуваат дека присуството на „Пионер“ може да објасни и некои необични земјотреси од минатото, како оној во 1992 година кај ртот Мендосино со јачина од 7,2 степени, чија длабочина долго време ги збунувала сеизмолозите.

Иако не може со сигурност да се предвиди дали токму овој расед ќе предизвика идни силни земјотреси, експертите предупредуваат дека ваквата сложена подземна структура во густо населена област значително го зголемува ризикот.

Мапирањето на ваквите скриени делови од Земјината кора е клучно, бидејќи им помага на властите подобро да се подготват за можни природни катастрофи и да ги заштитат населението и инфраструктурата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Видовме глетки што никој човек никогаш порано не ги видел: први сведоштва на астронаутите по летот околу Месечината

C +

(Видео) Историска мисија е во тек: Артемис II е лансиран кон Месечината

C +

Мразот на Арктикот на историски минимум

C +