Centar.mk
СВЕТ

Макрон: Примирјето меѓу САД и Иран мора да се прошири и на Либан

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека двонеделното примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран треба да се прошири и на ситуацијата во Либан.

„Состојбата во Либан е критична“, изјави Макрон, оценувајќи дека израелските напади и присуството во јужниот дел на земјата не се вистинско решение.

Израел изврши повеќе напади врз Либан по акциите на Хезболах, а според либанските власти, во офанзивата загинале повеќе од 1.500 луѓе.

Макрон повика на почеток на преговори меѓу Израел и Либан и повторно ги осуди нападите врз оваа земја.

Иако примирјето меѓу САД и Иран, постигнато со посредство на Пакистан, го оцени како „многу добра работа“, останува неизвесно дали ќе се прошири и на Либан. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека договорот не го опфаќа Либан./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИЗБОРНА ДРАМА ВО НОВ ЗЕЛАНД – Власта и опозицијата во тесна трка, помалите партии можат да одлучуваат

ДЕСК

МОЖЕН ПРЕСВРТ ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ – Катар предложи договор што би ја обновил светската пловидба

ДЕСК

ПРЕСВРТ ВО ПАРАГВАЈ – Претседателот сменет, приведен по банкарски скандал, нов лидер ја презеде власта

ДЕСК