Centar.mk
СВЕТ

Техеран: Сонот на Трамп за „промена на режимот“ заврши во Ормускиот теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп „го оствари својот сон за промена на режимот, но не во Иран, туку во Ормускиот теснец“, изјави Ибрахим Азизи, претседател на Комитетот за национална безбедност на иранскиот парламент, објави „Волстрит џурнал“.

Азизи оцени дека, наместо политички промени во Техеран, конфликтот со САД е префрлен на контрола на поморските патишта, со порака дека „Ормускиот теснец ќе биде отворен, но според новите ирански правила“.

„Трамп конечно го оствари својот сон за промена на режимот, но само во однос на поморскиот режим во регионот. Ормускиот теснец сигурно ќе се отвори, но не за вас, тој ќе биде отворен за оние кои ги почитуваат новите ирански закони“, рече Азизи.

Претходно, кон средината на март, тој тврдеше дека украинската територија може да стане легитимна цел на ирански напади, оправдувајќи го ова со поддршката на Киев за Израел, вклучително и испораката на беспилотни летала, што, според него, ја вклучува Украина во конфликтот на Блискиот Исток./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран тврди дека соборил американски авион

C +

Хакерски напад врз ЕУ: Украдени податоци од десетици институции објавени на dark web

C +

Американски разузнавачки информации: Иран сè уште има значаен арсенал, може да предизвика хаос

C +