Centar.mk
фото: Министерство за образование и наука
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: академската заедница е клучниот двигател на знаењето, иновациите и општествениот напредок

Се радувам што преку ИНОВА ја зајакнуваме соработката со универзитетите, затоа што токму академската заедница е клучниот двигател на знаењето, иновациите и општествениот напредок. Верувам дека заедно ќе изградиме поквалитетен високообразовен систем, ќе создадеме повеќе можности за научни и технолошки достигнувања и ќе развиваме кадар подготвен да одговори на современите предизвици.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешното потпишување на меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за иновации, и научно-технолошки развој и претприемништво и шесте државни универзитети, чија цел е заедничко креирање иновативни проекти, полесен пристап до извори на финансирање и унапредување на квалитетот на наставата на високообразовните установи.

„Како Министерство за образование и наука, остануваме посветени на поддршката на универзитетите. Поставуваме нова законска рамка со повеќе можности за стимулација на трудот на академската и научната заедница. Обезбедуваме континуирани инвестиции во високото образование, науката и истражувањата, што се потврдува преку средствата кои се издвојуваат од државниот буџет“, рече Јаневска, потенцирајќи дека само минатата година распределени се 6 милиони евра за поддршка на иновативни проекти на високообразовните и научните установи, на МАНУ и компаниите, а кои се во корелација со целите од Стратегијата за паметна специјализација на Македонија.

Оваа стратегија пак, додаде министерката, јасно ги дефинира приоритетните области за развој. Изрази очекувања дека универзитетите, но и бизнис заедницата, сите активно ќе се вклучат и ќе ја насочат својата научна и истражувачка работа токму кон тие области, каде што потенцијалот за напредок е најголем.

На настанот, освен директорката на ИНОВА – Даниела Димовска, се обратија и шесте ректори на државните универзитети, како и претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски.

фото: Министерство за образование и наука

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +