Centar.mk
СВЕТ

Иран му одговори на Трамп за Ормускиот теснец: „47 години гостопримство е завршено засекогаш“

Претседателот на Одборот за национална безбедност на иранскиот парламент, Ебрахим Азизи, му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран повторно ќе го отвори Ормускиот теснец, но под нови услови.

„Ормускиот теснец сигурно повторно ќе се отвори, но не за вас; ќе биде отворен за оние кои ги почитуваат новите закони на Иран“, напиша Азизи на социјалната мрежа Икс, објави Би-Би-Си.

Тој додаде дека „47 години гостопримство е завршено засекогаш“, осврнувајќи се на периодот од Исламската револуција во 1979 година.

Азизи рече дека Трамп „конечно го остварил својот сон за ‘промена на режимот’ – но во поморскиот режим на регионот“.

Иранскиот одбор за национална безбедност, исто така, одобри план според кој Иран ќе почне да им наплаќа на бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец, објави полуофицијалната новинска агенција Фарс./Извор:Мakfax

Можеби ќе ве интересира

Жолто предупредување во Холандија и Белгија: најавена силна бура

C +

Кина и САД се сретнаа на Хаваи: сакаат да го намалат ризикот од воен конфликт

C +

Предупредување за вонредна состојба: Јапонија во тревога, доаѓа тајфун

C +