Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ е загрижена за СДСМ: Некогаш големата и државотворна партија СДС, поради лошите, предавнички и поданички политики се сведе на eдвај 130 илјади гласа

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Некогаш големата и државотворна партија СДС, поради лошите, предавнички и поданички политики се сведе на eдвај 130 илјади гласа.

Освен што СДС, кога беше на власт спроведуваа антидржавна политика, сега од опозиција, по насока на Венко Филипче, Зоран Заев и Башановиќ продолжуваат со промовирање на таквата политика.

Благодарение на таквиот сервилен однос кон туѓите интереси на штета на државните, само и само Заев да остане на власт или, пак, сега Филипче да ја задржи претседателската фотелја, СДС ја турнаа во ќорсокак и ја претворија во прокси партија.

И сето ова се случува по директни насоки и директиви на куќниот пријател и советник на Заев, Башановиќ.

Поданичкиот однос и коленичењето спрема одредени наши соседи и уважување на сите нивните барања, на сметка на интересите на Македонија, е антидржавна политика која ја има и во статутот на СДС.

Филипче, Заев ја промовираат ваквата политика преку ПР стратегијата контролирана од нивниот пријател Башановиќ и со тоа ги предаваат и партиските и националните интереси, кои се штетни и за државата и за македонскиот народ.

Токму затоа и рејтингот на СДС и Венко Филипче, може да се каже дека е на ниво на статистичка грешка кој може да се изброи на прсти.

По трагично од сето ова е што СДС и Филипче се чудат зошто е тоа така и не извлекле поука од последователните катастрофални изборни порази.

Не ги научија лекциите кои народот им ги одржа и продолжија да делуваат антидржавно, а сега и по насока на советникот на Заев, Зоран Башановиќ.

Можеби ќе ве интересира

35% од населението е со прекумерна тежина, Алиу кажа дека оваа недела центар за дебелина е отворен и во Охрид

C +

Меџити: 13 наставници добија трајни решенија

C +

ВО АПРИЛ СЛЕДУВА ГОЛЕМ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ОД 4 ДЕНА: Ова се сите неработни денови до крајот на 2026!

ДЕСК