Centar.mk
РЕГИОН

Длабока поделеност во Србија за членството во ЕУ, покажува анкета

Граѓаните на Србија се силно поделени околу членството во Европската унија, покажува истражување на Центарот за европски политики (ЦЕП), спроведено на 1000 испитаници.

Според резултатите, 39,8% го поддржуваат членството, 33,8% се против, а 26,4% се неопределени. Во случај на референдум, 41,6% би гласале „за“, 32,4% „против“, додека 26% не знаат како би се изјасниле.

Најголема поддршка за ЕУ има кај младите (18–29 години) и кај повисоко образованите, додека најмалку ја поддржуваат постарите од 60 години.

Истражувањето покажува и недоверба кон мотивите на Унијата – околу 41% сметаат дека ЕУ е повеќе заинтересирана за свои политички и економски интереси или за природните ресурси на Србија.

Повеќе од 43% веруваат дека за ЕУ е поважно Србија да воведе санкции кон Русија отколку да стане развиена демократија.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Андреас фон Бекерат, оцени дека резултатите покажуваат потреба од подобра комуникација со граѓаните и изрази очекување дека иднината на Србија е во Унијата.

Довербата во ЕУ опаѓа и поради тоа што повеќе од четири години не е отворено ниту едно ново преговарачко поглавје./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ ГО ПАРАЛИЗИРА ЗАГРЕБ: Училиштата затворени, ветерот достигнува и до 90 км/ч

ДЕСК

Силно невреме со снег и дожд во Хрватска, граѓаните во погодените области добиваат предупредувања од надлежните

C +

Вучиќ: „Хрватска е извонредно моќна вооружена земја“; „Мораме да бидеме подготвени да се одбраниме“

C +