Centar.mk
СВЕТ

Чешка вели дека нема пари за одбрана за да ја исполни целта на НАТО

Владата на Чешка, предводена од Андреј Бабиш, нема да ја исполни обврската на НАТО за издвојување најмалку 2 отсто од БДП за одбрана.

За 2026 година, издвојувањата ќе достигнат околу 6,3 милијарди евра, односно 1,7 проценти од БДП, пренесе „Дојче Веле“.

За да го достигне таргетот, владата планира во одбранбени трошоци да вклучи и инфраструктурни проекти, како автопати и железници.

Буџетскиот дефицит е зголемен на над 12 милијарди евра.

Владата ги насочува средствата кон социјални мерки и субвенции за електрична енергија, наместо кон одбрана.

„Одбраната е приоритет, но нема да ја загрозиме економијата и социјалниот мир“, изјави Бабиш.

Според него, максимумот што Чешка може да си го дозволи е околу 2,1% од БДП.

Според договор од 2025 година, членките на НАТО треба да стигнат до 3,5 отсто од БДП за одбрана до 2035 година, плус дополнителни 1,5 проценти за инфраструктура./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Со вперени пушки израелската војска приведе екипа на Си-Ен-Ен

C +

Трамп: Зошто би биле ние тука за НАТО, ако тие не беа тука за нас

C +

Куба е следна, рече Трамп па додаде „правете се дека не сум го кажал“

C +