Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Бурна ноќ во Скопје: Акциска контрола на Мобилната единица, изречени се 27 мерки, едно лице е лишено од слобода и одземено е едно возило

Во текот на 27/28.03.2026 година, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на подрачјето на општини Илинден, Гази Баба и Кисела Вода спроведе акциска контрола со акцент санкционирање на возачи кои управуваат возила во јавниот сообраќај под дејство на алкохол.

Алкотестирани се вкупно 49 возачи, кај девет од нив утврдено е присуство на алкохол, додека еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање.

При контролата откриени се и 12 останати сообраќајни прекршоци, а поднесени се и пет барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.

Едно лице е лишено од слобода и одземено е едно возила за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управување возило под активна забрана.

За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци.

Акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.

Управување моторно возило под дејство на алкохол е една од водечките причина за предизвикување собраќајни незгоди кои неретко завршуваат со фатални последици.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

35% од населението е со прекумерна тежина, Алиу кажа дека оваа недела центар за дебелина е отворен и во Охрид

C +

Меџити: 13 наставници добија трајни решенија

C +

ВО АПРИЛ СЛЕДУВА ГОЛЕМ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ОД 4 ДЕНА: Ова се сите неработни денови до крајот на 2026!

ДЕСК