Нафтата повторно расте на светските берзи.
Имено нафтата брент се продава за 112 долари за барел, додека вти круд повторно се подигна на околу 100 долари.
Претходно, кон средината на неделава цените постојано флуктуираа, па така во еден момент нафтата од типот брент падна на нешто повеќе од 90 долари.
Кризата на Блискиот исток навестува дека цената на црното злато и натаму ќе расте и дека големи се шансите да дојде до една од најголемите енергетски кризи во Светот во поновата историја.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


