Centar.mk
фото ЈС
-МАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот почнувајќи од запад ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта, а на планините и на некои од повисоките места во западните делови ќе преминуваат во снег.

Во Скопје, променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.

Во утринските часови минималните температури ќе бидат од околу -1°C до 3°C, при што најниски вредности се очекуваат во источните делови, а во поголем дел од земјата тие ќе се движат околу 0°C до 2°C.

Во текот на денот, максималните температури ќе се искачат од 12°C до 20°C. Најниски дневни температури ќе има во западните и северозападните подрачја (околу 12°C – 14°C), додека најтопло ќе биде во југоисточниот дел каде температурите ќе достигнат до 20°C. Во централните и јужните делови се очекуваат вредности меѓу 16°C и 18°C.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата му упадна дома – претреси и апсење во Скопје

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата низ Македонија

ДЕСК

Почуствуван земјотрес во Македонија – Сеизмолошка ги објави деталите

ДЕСК