Centar.mk
СВЕТ

Американските напади врз Харг не ја оштетиле нафтената инфраструктура

Иранската новинска агенција Фарс, поврзана со Иранската револуционерна гарда, објави дека во текот на американските напади врз островот Харг се слушнале повеќе од 15 експлозии.

Според Фарс мета на нападите не била нафтената инфраструктура, туку биле бомбардирани противвоздушната одбрана, поморската база, контролната кула на аеродромот и хангар за хеликоптери.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп на „Трут соушл“ објави дека американската армија само што извршила еден од најмоќните воздушни напади во историјата на Блиски Исток.

– Пред само неколку моменти, Централната команда на САД спроведе еден од најмоќните бомбардирања во историјата на Блискиот Исток, целосно уништувајќи ги сите ВОЕНИ цели на островот Харг, бисерот на Иран, наведе Трамп.

Тој додаде дека одлучил да не ја напаѓа нафтената инфраструктура на островот.

– Одлучив да НЕ ја уништам нафтената инфраструктура на островот. Меѓутоа, ако Иран или некој друг направи нешто за да го спречи слободното и безбедно поминување на бродовите низ Ормускиот Теснец, веднаш ќе ја преиспитам таа одлука, посочи Трамп.

Иранската армија соопшти дека секој напад на нафтената и енергетската инфраструктура ќе доведе до напад на енергетската инфраструктура во сопственост на нафтените компании, кои соработуваат со САД во регионот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран повторно истрела ракети врз Израел

C +

Во израелските воздушен напади во Либан загинаа најмалку 12 медицински работници

C +

Трамп објави снимка од нападот врз Харг

C +