Centar.mk
фото фб страница на Доналд Трамп
СВЕТ

Политико: Администрацијата на Трамп верува дека може да издржи скок на цените на нафтата до четири недели

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп верува дека може да издржи краткорочен скок на цените на нафтата до околу четири недели пред тоа да предизвика сериозна политичка штета, пишува Политико, повикувајќи се на извор близок до Белата куќа.

Овој став се зацврстил откако цената на нафтата во вторникот паднала на околу 80 долари за барел, откако претходно достигна 120 долари.

Според изворите, администрацијата има три до четири недели да го „преброди“ растот на цените пред тој да стане сериозен политички проблем. Тие додаваат дека владата внимателно ги следи движењата на пазарот и дека политиката нема да ја темели на краткорочни флуктуации.

И покрај тоа, официјални лица признаваат дека биле изненадени од брзината и сериозноста на скокот на цените во неделата. Наместо промена на воената стратегија, Белата куќа се обидела да ги смири пазарите и да ги ублажи стравувањата од долгорочни нарушувања во снабдувањето со нафта.

Анкета на Универзитетот Квинипијак покажува дека повеќе од 70 проценти од американските гласачи се загрижени дека војната ќе предизвика раст на цените на нафтата и горивата.

Во меѓувреме, САД разгледуваат и можност за укинување на санкциите за руската нафта за да се ублажи притисокот на пазарот, додека постојат и стравувања дека Иран би можел да постави мини во Ормускиот Теснец, што дополнително би ја нарушило испораката на нафта./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Италија се дистанцира: Мелони вели дека земјата нема да учествува во војната во Иран

C +

Ирански дронови паднале во близина на меѓународниот аеродром во Дубаи

C +

Унгарскиот опозициски лидер: Орбан и Русите подготвуваат кампања за дезинформации

C +