Centar.mk
СВЕТ

Италија се дистанцира: Мелони вели дека земјата нема да учествува во војната во Иран

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека Италија нема да влезе во војна против Иран, пренесе Гардијан.

Говорејќи во Сенатот, Мелони рече дека на Иран не смее да му се дозволи да дојде до нуклеарно оружје, но истовремено оцени дека американската и израелската интервенција била надвор од рамките на меѓународното право.

Таа нагласи дека Италија не е во војна и нема да влезе во конфликтот.

„Американската и израелската интервенција против иранскиот режим мора да се гледа во контекст на кризата на меѓународниот систем, во кој заканите стануваат сè поалармантни, а еднострани интервенции надвор од рамките на меѓународното право се множат“, изјави Мелони./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – Повеќе вештини за индустријата и новите технологии

ДЕСК

РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп разговараше за хуманитарната операција во Олешки

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО ПАРАГВАЈ – Пења најави оставка по потресот со банката „Уено“

ДЕСК