Centar.mk
Ai generated photo
СВЕТ

Ирански дронови паднале во близина на меѓународниот аеродром во Дубаи

Ирански дронови паднале во близина на меѓународниот аеродром во Дубаи, при што се повредени четири лица, јавија официјалните власти.

Првично беше соопштено дека два дрона паднале во близина на аеродромот утрово, без да се наведе точната локација. Подоцна владата на Обединетите Арапски Емирати на социјалните мрежи соопшти дека дроновите биле соборени. Сè уште не е познато како четирите лица се повредени.

Меѓународниот аеродром во Дубаи е најпрометниот аеродром во светот по бројот на меѓународни патници. Надлежните брзо го продолжиле работењето на аеродромот, додека авиокомпаниите се обидуваат да го намалат заостатокот поради илјадниците откажани летови.

Ова е втор ваков инцидент во последните пет дена. Во саботата се појавија снимки од напад во близина на една терминална зграда, но тогаш немаше повредени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Човекот кој пукаше на вечерата на Трамп изведен на суд

C +

Рубио ја отфрли понудата на Иран за Ормускиот теснец, Русија нуди посредување во конфликтот

C +

Американски функционер: На Трамп не му се допаѓа предлогот на Иран за завршување на војната

C +