Centar.mk
СВЕТ

Стармер: Колку подолго трае војната, толку е поголема веројатноста за економски последици

Британскиот премиер Кир Стармер вели дека Велика Британија разговара со други земји за тоа што може да се направи заедно за да се намалат економските последици за граѓаните и компаниите.

„Колку подолго трае ова, толку е поголема веројатноста да има влијание врз нашата економија, како и врз животите и домаќинствата на луѓето и работењето на компаниите“, рече тој, како што објави Би-Би-Си.

Тој додаде дека задачата на владата е да „спречи вакви случувања“.

Стармер, исто така, изјави дека лабуристичката влада веќе направила многу за да ја направи земјата поотпорна на економски шокови, како и дека министерката за финансии Рејчел Ривс секојдневно разговара со гувернерот на Банката на Англија.

Владата, рече тој, разговара и со меѓународните партнери за мерките што би можеле да ги преземат заедно за да ги намалат можните последици за граѓаните и компаниите во Велика Британија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Морничава глетка: Небото за миг се обои во крваво црвено, животот запре

ДЕСК

Седум лица тешко повредени во Англија откако автомобил удрил во пешаци

C +

Втор ракетен напад од Јемен кон Израел од почетокот на војната во Иран

C +