Centar.mk
ПРОМОБИЗНИС

„Самсунг“ („Samsung“) го унапредува Galaxy AI и поврзаниот екосистем на Светскиот конгрес за Мобилни технологии 2026

Надоврзувајќи се на моментумот од Galaxy Unpacked настанот, „Самсунг“ („Samsung“) ја претставува серијата Galaxy S26 и својата визија за агентска вештачка интелигенција, со подлабоки еко-системски искуства низ Galaxy S серијата и уредите за носење

Скопје, 2 март 2026 година – Самсунг Електроникс (Samsung Electronics) денес ја претстави својата проширена изложба на Светскиот Конгрес за Мобилни Технологии 2026 (Mobile World Congres – MWC), кој се одржува во Фира Гран Виа во Барселона од 2 до 5 март. Изложбениот простор на “Samsung” се надоврзува на успехот од настанот “Galaxy Unpacked“, надминувајќи ги мобилните уреди и демонстрирајќи како Galaxy AI еволуира во вистински агентски придружник, нудејќи поперсонализирани, поинтуитивни и беспрекорно поврзани искуства низ целиот Galaxy екосистем. Покрај мобилните иновации, “Samsung” ги истакнува и своите мрежни решенија водени од вештачка интелигенција (ВИ), демонстрирајќи сеопфатно лидерство низ целиот екосистем на поврзување.

Во центарот на оваа еволуција е серијата Galaxy S26, третата генерација AI телефон на “Samsung”, претставена заедно со нови еко-системски иновации како серијата Galaxy Buds4. Со заедничко претставување на овие производи, “Samsung” покажува како Galaxy AI функционира координирано помеѓу мобилните и уредите за носење, предвидувајќи ги потребите на корисниците и подобрувајќи ги секојдневните искуства.

„Светскиот Конгрес за Мобилни Технологии е можност да покажеме не само каде се наоѓа Galaxy AI денес, туку и каде ќе се движи понатаму“, изјави ТМ Рох (TM Roh), Извршен Директор, Претседател и Раководител на дивизијата Искуство со уреди (Device eXperience (DX)) во “Samsung”. „Од серијата Galaxy S26 до нови форм-фактори како Galaxy XR и TriFold, ги поместуваме границите на мобилната технологија, додека корисничкото искуство останува во центарот на секоја иновација.“

Серија Galaxy S26: Најинтуитивниот Galaxy AI телефон досега

Серијата Galaxy S26 е телефон со вештачка интелигенција изграден врз перформанси и конструиран за едноставност. Имерзивните искуства на “Samsung” демонстрираат како Galaxy S26 го користи Galaxy AI за да ги поедностави секојдневните задачи преку разбирање на намерата, предвидување на потребите и преземање активности во име на корисниците.

Клучните искуства ги истакнуваат:

  • Првиот во индустријата вграден Privacy Display[1] за мобилни уреди: им овозможува на корисниците поголема контрола врз тоа што е видливо на нивниот уред, без да се жртвува искуството на гледање при секојдневна употреба.

 

  • Моќни перформанси: изграден на најмоќниот хардвер досега во Galaxy S серијата, кој овозможува напредните функции да работат непречено во позадина.

 

  • Прилагоден мобилен чипсет: Snapdragon 8 Elite Gen 5 за Galaxy овозможува најдобри перформанси во класата на Galaxy S26 Ultra.
  • Редизајнирана комора за ладење (Vapor Chamber) на Galaxy S26 Ultra: поддржува стабилни термички перформанси за водечките AI способности.

 

 

  • Водечкиот во индустријата, Galaxy систем на камери ги обединува фотографирањето, уредувањето и споделувањето во едно беспрекорно искуство.

 

  • Најсветлата камера на Galaxy досега: пошироки отвори на блендата кај Galaxy S26 Ultra за појасни фотографии и побогати детали во услови на слаба осветленост, дури и при зумирање.

 

  • Подобрено Nightography видео: поостри и поживописни снимки во услови на слаба осветленост со подобрена редукција на шум.

 

  • Надградено Super Steady видео: овозможува опција за хоризонтално заклучување (horizontal lock) за да испорача кинематографска стабилност со конзистентно кадрирање.

 

  • Photo Assist[2]: корисниците можат едноставно, со свои зборови да опишат што сакаат да променат, со можност за уредување на дневни сцени во ноќни или враќање на делови што недостасуваат кај некој објект (како каснат дел од торта), сето тоа преку природна гласовна интеракција.

 

  • Creative Studio[3]: можност за промена на фотографиите во различни стилови и претворање на идеите во персонализирани сетови на стикери и позадини, обединувајќи ги креацијата и прилагодувањето.

 

  • Проактивни и адаптивни искуства со ВИ кои ги прават секојдневните задачи побрзи и поефикасни, поставувајќи ја основата за агентската вештачка интелигенција (agentic AI).

 

  • Now Nudge[4]: навремени и релевантни предлози кои се прилагодуваат на контекстот во реално време, како на пример автоматско предложување слики од Галеријата кога пријател ќе ви побара фотографии.

 

  • Now Brief: персонализиран извештај базиран на дневниот распоред на корисникот, прикажувајќи релевантни содржини и овозможувајќи навремени потсетници за важни настани, врз основа на неговите индивидуални потреби.

 

  • Circle to Search со Google:[5] попаметно пребарување базирано на слики кое истражува повеќе делови од сликата одеднаш, овозможувајќи побрзо и поинтуитивно пребарување.

 

  • Надграден Bixby: конверзациски агент на уредот за полесна и поинтуитивна интеракција со Galaxy уредите, за навигација и прилагодување на поставките на природен јазик.

 

  • Избор на агенти: покрај Bixby, агентите Gemini и Perplexity можат да ги поедностават секојдневните задачи како пребарување и координирање активности низ апликациите во име на корисникот, сите достапни преку една единствена, едноставна точка на пристап.

             

Galaxy S26 Ultra, S26+ и S26 се достапни за нарачка во Северна Македонија, започнувајќи од 25 февруари. Заинтересираните може да одберат некој од уредите во виолетова, бела, црна и небесно сина боја. Корисниците кои ќе нарачаат уред од Galaxy S26 серијата ќе можат да искористат ексклузивна поволност: да добијат модел со меморија од 512GB по цена на модел со меморија од 256 GB.

 

Проширување на искуството во Galaxy екосистемот

Присуството на “Samsung” на Светскиот Конгрес на Мобилни Технологии демонстрира дека со подлабока интеграција меѓу производите, Galaxy AI ги подобрува практичноста, континуитетот и персонализацијата во секоја точка на интеракција.

Клучните моменти од презентацијата на екосистемот вклучуваат:

  • Можност за посетителите да ги истражат функциите на Galaxy AI со помош на агенти за вештачка интелигенција, кои ја зголемуваат удобноста за корисникот преку серијата Galaxy Buds4.
  • Демонстрации во живо на неодамна лансираните Galaxy Book6 Pro и Galaxy Book6 Ultra, кои покажуваат моќни перформанси и оптимизирана продуктивност.
  • Galaxy Tab S11, кој испорачува напредни искуства со ВИ кои се оптимизирани за гледање на голем екран и истовремено извршување повеќе задачи.
  • Здравствени искуства со Galaxy Watch8 серијата која нуди поперсонализирани согледувања и велнес интеракции за трчање, спиење и свесност.

 

Интелигентна инфраструктура

“Samsung” ја проширува својата стратегија за агентската вештачка интелигенција (agentic AI) надвор од потрошувачките уреди и ја насочува кон интелигентна инфраструктура, проширувајќи го своето лидерство од мобилните иновации кон производство поткрепено со ВИ и поврзано здравје.

Преку својата иницијатива за фабрики поддржани од вештачка интелигенција, “Samsung” ја забрзува својата еволуција кон автономно производство. Надоврзувајќи се на планот за транзиција на глобалните производствени операции во фабрики со вештачка интелигенција до 2030 година, “Samsung” демонстрира како агентите за ВИ, симулациите со дигитални близнаци и анализата на податоци во реално време можат да работат заедно за да го оптимизираат производството, да ја зајакнат контролата на квалитетот и да ја подобрат оперативната отпорност.

“Samsung”, исто така, ја претставува својата визија за Поврзана грижа (Connected Care), дополнително зајакната преку “Xealth” по неговото преземање во 2025 година. Со интегрирање на здравствените метрики низ целиот Galaxy екосистем, “Samsung” ги унапредува способностите на “Samsung Health” за да овозможи попроактивно, персонализирано и континуирано управување со здравјето. На клиничко ниво, “Xealth” им овозможува на здравствените системи да ги интегрираат дигиталните здравствени алатки, програмите за грижа и податоците за пациентите директно во работните процеси на лекарите низ мрежа од стотици болници и добавувачи, овозможувајќи им на клиничарите да препишуваат, следат и управуваат со дигиталната грижа на начин што е во согласност со реалните потреби на пациентите.

 

Лидерство и иновации од следната генерација

Зајакнувајќи го своето наследство во дизајнот, “Samsung” претставува визија насочена кон иднината за нови форми на уреди (form factors) и технологии во подем, нагласувајќи ја својата долгорочна посветеност на поместување на границите на иновациите. Преку ексклузивни искуства во живо со Galaxy XR и Galaxy TriFold, посетителите ќе видат како “Samsung” продолжува да ја води индустријата во ерата на мобилната вештачка интелигенција (Mobile AI).

Компанијата, исто така, ја истакнува иницијативата Galaxy Фондација (Galaxy Foundation), потенцирајќи ја својата посветеност на приватноста, безбедноста, одржливоста и одговорниот развој, вклучувајќи го и напредокот во “Samsung Knox” и заштитната технологија базирана на хардвер.

 

Проширување на сателитската поврзаност преку регионални партнерства

“Samsung” ги проширува можностите за сателитска комуникација за избрани Galaxy смартфони вклучувајќи ја и серијата Galaxy S26, преку тековни партнерства со водечки глобални телекомуникациски оператори во Северна Америка[6], Европа[7] и Јапонија[8]. Дизајнирани да поддржат итни реакции и суштинска комуникација кога традиционалните мобилни мрежи не се достапни, “Samsung” поддржува сателитска комуникација на одредени Galaxy водечки  смартфони и на серијата Galaxy A уште од 2025 година, континуирано проширувајќи го бројот на поддржани модели.

Со оглед на тоа што овие можности се воведуваат во фази врз основа на регионалната достапност на мрежата и регулаторните барања, “Samsung” ќе продолжи да соработува со мрежните оператори и сателитските провајдери за да им овозможи на корисниците сигурен пристап до критичните комуникациски алатки во клучни моменти.

Посетителите ќе може да ги погледнат овие иновации со вештачка интелигенција во рамки на штандот на “Samsung“ со Galaxy Искуство во сала 3 во Фира Гран Виа од 2 до 5 март.

 

Визијата за AI на бизнисот со мрежи: Внесување на вештачката интелигенција во секој слој на мрежата

Надоврзувајќи се на лидерството на компанијата во областа на вештачката интелигенција низ различни деловни портфолија, “Samsung” ја предводи иницијативата за “end-to-end“ софтверски управувани мрежи. Преку обезбедување на флексибилна основа која беспрекорно ги прифаќа компјутерските платформи со високи перформанси (CPU и GPU) од водечките партнери во екосистемот, “Samsung” им овозможува на операторите брзо да имплементираат способности водени од ВИ и да ги прошират иновативните услуги. Овој пристап фокусиран на софтвер покрај тоа што ја оптимизира ефикасноста и перформансите на мрежата, исто така им овозможува на операторите да ја трансформираат својата постоечка инфраструктура во моќен мотор за иновации на ВИ.

“Samsung” ја забрзува транзицијата кон мрежи кои ќе бидат целосно автономни до 2027 година. Централно место во оваа визија зазема “Samsung CognitiV Network Operations Suite” (NOS), збир на различни решенија за мрежна автоматизација базирани на вештачка интелигенција, кои ја вклучуваат технологијата “Agent Fabric“. Како обединет слој за интелигентно одлучување, “Agent Fabric“ поддржува системи со повеќе агенти (multi-agent systems) каде специјализирани агенти за ВИ работат независно или колективно врз основа на нивното резонирање. Овие агенти го поедноставуваат целиот животен циклус, од планирање и инсталација до одржување, решавање проблеми, оптимизација и управување со корисничкото искуство. Демонстрации во живо на овие системи со повеќе агенти ќе бидат претставени на самиот настан.

 

“Samsung”, исто така, ќе ја открие моќта и потенцијалот на мрежа во сервер (Network in a Server), софтверски управувано “edge AI” решение од следната генерација, кое создава нови деловни можности за претпријатијата. Преку консолидирање на повеќе мрежни функции во еден единствен сервер напојуван од најновите процесори, претпријатијата можат лесно да прифатат услуги од ВИ, како што се безбедносен мониторинг и преклопувања со изменета реалност (AR), кои бараат локална обработка за одговор во реално време.

 

“Samsung Networks“ штандот се наоѓа во Хала 2 (штанд 2M20) и е достапен само со покана.

[1] Функцијата Privacy Display го контролира аголот на гледање на екранот за да го ограничи периферниот вид и може да се активира во Поставките (Settings). Достапна е и активација за специфични апликации во Поставките. Може да дојде до одредени промени во квалитетот на сликата надвор од аголот на гледање. Некои информации сепак можат да бидат видливи за другите во зависност од факторите во околината, како што се аголот или осветленоста. Се препорачува претпазливост при прикажување чувствителни информации.

[2] Photo Assist бара мрежна врска и најава на ”Samsung Account”. Достапноста на услугата може да варира во зависност од земјата, јазикот или моделот на уредот. Може да резултира со фотографија со променета големина. Видлив воден жиг се додава врз сликата при зачувување за да укаже дека е генерирана со AI. Точноста и сигурноста на генерираниот резултат не се загарантирани.

[3] Creative Studio бара мрежна врска и најава на “Samsung Account”. Сетовите со стикери се компатибилни само со тастатурата на Samsung и може да се споделуваат само преку Quick Share со други Galaxy уреди кои имаат One UI 5.0 или понова верзија.

[4] Now Nudge бара најава на “Samsung Account”. Достапните функции може да варираат според земјата и јазикот. Потсетниците за текстуални пораки се достапни со Samsung Messages и одредени апликации на трети страни (WhatsApp, Google Messages, Instagram DM итн.). Точноста на резултатите не е загарантирана.

[5]Circle to Search е заштитена марка на Google LLC. Потребна е интернет врска. Резултатите може да варираат во зависност од визуелните или аудио совпаѓањето. Работи на компатибилни апликации и само со амбиентална музика (не препознава музика преку слушалки).

[6] Функциите за сателитска комуникација може да започнат со воведување во САД во согласност со планот на секој оператор (вклучувајќи ги Verizon и T-Mobile).

[7] Функциите за сателитска комуникација може да започнат со воведување во Обединетото Кралство во согласност со планот на секој оператор (вклучувајќи го Virgin Media O2).

[8]Функциите за сателитска комуникација може да започнат со воведување во Јапонија во согласност со планот на операторот KDDI.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите од следниот месец ќе се “офајдат” со нови илјада денари покачување – Дали е тоа доволно да се турне месецот?

ДЕСК

Минималната плата ќе скокне за 1667 денари, сега ќе биде 26.046

ДЕСК

Лоши вести за возачите – поскапуваат горивата

ДЕСК