Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче – интегрален текст:
Го честитам денешниот празник на лозарите, посакувам да биде успешна година, да има богат род.
За жал, сметам дека лозарите оваа година немаат да има добри вести во однос на тоа што значи поддршка од страна на владата за развој на овој сектор. Овој сектор земјоделството во мало го означува пристапот на оваа власт генерално во државата. Кражба, пљачка и незаинтересираност за луѓето.
Имено откога ги фатија од Европа како крадат европски пари и го суспендираа ИПАРД програмата, сега владата ја намалува и Програмата за субвенции во земјоделството во целост. Од 140 на 100 милиони евра. Значи за цела третина, помалку пари, кај сите сектори во земјоделството, сточарството, лозарството, поледелството, овоштарството и нема да имаат овие земјоделци доволно поддршка од државата како што тоа го имаше во времето на владата на СДСМ.
Дополнително уште неколку трикови од страна на владата. Се зголемува прагот на земја која што треба да се обработува за да се стигне и воопшто до субвенциите. Имено од 0,2 хектари, сега е 0,5 хектари. Значи тие кои што имаат 2 или 3 декари земја, повеќе нема ни да можат според измените во правилникот да стигнат до субвенциите.
Понатаму видовме како за неколку денари по килограм ја намалија откупната цена на грозјето, година и покри тоа што дадовме предлог закон во Собранието оваа власт не го прифати зголемувањето на откупната цена на грозјето.
Дополнително, средните винарии имаат обврска да продадат, внимавајте, 30% од грозјето на најголемите една или две винари, со цел да воопшто стигнат до парите кои им се потребни за субвенција. Сето ова оди во прилог на потребите на само една или две големи винарии, лозарите, тие кои мака мачат на сонце тука на земјата во лозовите насади.
Малите винарии, средните винарии, сите се намерно оштетени, намалени им се парите или воопшто нема да можат да ги земат што е една катастрофа за овој регион. Тука во близина и овде со сличен предизвик и голем проблем се сочуваат и тутунарите. Намалена е субвенцијата на првата класа тутун од 100 на 80 денари. Ние стигнавме до 100 денари, во време на владата на СДСМ со 100% субвенционирана зелена нафта. Да потсетам дека сегашната власт ветуваше 160 денари и субвенција еве се сведува на половина. Жалам, но оваа власт не се грижи за граѓаните, за државата, посебно за овој сектор овде.


