Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Викендот носи снежен удар и силен ветер температурите паѓаат под нулата – детална прогноза за следните 4 дена

Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.

Прогноза за 10.01.2026
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 2°C до 10°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 11.01.2026
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: -2°C до 7°C

Променливо облачно и студено со повремени локални врнежи од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Прогноза за 12.01.2026
Минимална температура: -13°C до -5°C
Максимална температура: -6°C до 3°C

Променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Можеби ќе ве интересира

Прегазена жена во Скопје

ДЕСК

Божиновска: 2025 – година на ред, стабилност, развој и транспарентност во енергетиката

ДЕСК

Добра вест: Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и попреченост

ДЕСК