Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Циклонска офанзива ја погодува Македонија: Снег и застудување во следните денови

Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Денес врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер утре врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

Прогноза за 09.01.2026
Минимална температура: -7°C до 1°C
Максимална температура: 4°C до 10°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 10.01.2026
Минимална температура: -4°C до 1°C
Максимална температура: 2°C до 8°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 11.01.2026
Минимална температура: -5°C до 1°C
Максимална температура: 1°C до 7°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК

ДРАМА ВО СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Се заканувале, а едниот се обидел да ја нападне вработената

ДЕСК

Апсења на повеќе локации низ Скопје – Шест млади лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК