Centar.mk
фото Општина Битола
ЛОКАЛНО

Битола: Прво женско, а второто машко – ова се првородените бебиња во битолската болница

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски претпладнево беше посета на Клиничката болница-Битола каде рече дека убав е поводот како и секоја година, првиот ден од годината да ја дочекаме заедно и да ја прославиме со оние кои не израдуваа.

„Битола доби два нови жители, две малечки души, две бебиња. Првото е женско Бистра, се надевам дека ќе ни ја избистри годината, ќе ни донесе радост и среќа на сите нас и второто е Петар. Двете мајки се битолчанки, ова им се први бебиња. Им посакавме среќа, убавини во животот и уште многу дечиња“ рече градоначалникот Коњановски.

Пригодни подароци, финансиска помош и од општината и од приватни фирми.

„И двете мајки и двете бебиња се во добра состојба“, рече доктор Тихомир Велевски, специјалист по гинекологија и акушерство.

Првото бебе со родилна телесна маса 3300 грама, а второто бебе со родилна телесна маса 3460 грама.

Директорката на Клиничката болница Ненси Лозанче рече дека двете мајки се прворотки и дека она што важи дека прво женско дете родено е бериќет, таква ќе биде бериќетна и успешна годината. Таа им се заблагодари на целиот персонал кој ноќта ја помина работно.

Релативно мирна ноќ имало на одделенијата во однос на интервенции на новогодишната ноќ, рече директорката Лозанче, а градоначалникот Коњановски кажа дека ја посетил и Итната медицинска служба каде го информираа дека ситуацијата во Битола била мирна, во смисла на интервенции.

Коњановски беше и во посета на детското одделение каде на хоспитализираните деца и им посака среќна Нова година и им подари новогодишни пакетчиња.

фото Општина Битола

Можеби ќе ве интересира

Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје

ДЕСК

ЈП Водовод Скопје со известување до граѓаните за работното време за време на празниците

ДЕСК

Важни информации за возниот ред од ЈСП Скопје кој започнува со стартот на 2026-та година

ДЕСК