Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

Утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, особено во источните делови. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите насекаде ќе престанат.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Од петок ќе има стабилизирање на времето. Во деновите од викендот, а особено во првите денови од следната седмица утрата ќе бидат ведри и студени со утрински температури кои насекаде бидат под нулата.

Прогноза за 26.12.2025
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 3°C до 10°C

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали.

Прогноза за 27.12.2025
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 2°C до 9°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 28.12.2025
Минимална температура: -8°C до -2°C
Максимална температура: 2°C до 10°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК

ПРИЗНА ВИНА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛАТА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА – Се чека проценка на штетата

ДЕСК