Centar.mk
СВЕТ

Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија

Седум диви азиски слонови загинаа, а еден мал е повреден кога брз патнички воз се судрил со крдо кое ја преминувало пругата во североисточната индиска сојузна држава Асам, соопштија локалните власти.

Машиновозачот забележал крдо од околу 100 слонови и ги употребил сопирачките за итни случаи, но возот сепак удрил во дел од животните, изјави портпаролот на Индиските железници, Капинџал Кишор Шарма.

Пет вагони и локомотивата излетале од шините по сударот, но немало човечки жртви.

Ветеринари извршиле обдукција на угинатите слонови, кои дополнително треба да бидат погребани.

Местото на несреќата е шумско подрачје на околу 125 километри југоисточно од главниот град на Асам, Гвахати.

Возот „Раџдани експрес“, кој сообраќал од Саиранг во државата Мизорам која се граничи со Мјанмар, бил на пат кон главниот град Њу Делхи со 650 патници кога удрил во слоновите.

Сударите на возови и диви слонови не се ретки во Асам, каде што живеат околу 7.000 диви азиски слонови, што претставува една од најголемите концентрации во Индија. Од 2020 година, најмалку десетина слонови биле убиени на овој начин./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Путин потпиша закон кој им дозволува на ФСБ да го исклучат интернетот во Русија

C +

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

C +

Трамп најави одлука за напад врз Иран, но сè уште се соочува со три клучни пречки

C +