Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Ноќна акција во Тетово: Приведени четири Украинки – еве што откри полицијата!

На 02/03.12.2025 во периодот од 22:30 часот до 04:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Камењане, во содејство со ОВР Гостивар, на подрачјето на Полициското одделение Камењане извршиле акциска контрола за откривање на странски државјанки кои илегално престојуваат во државата, кои непријавено работат и кои се можни жртви на трговија со луѓе.

При акциската контрола, во угостителски објект во село Горно Седларце, каде управител е 27-годишна жена од Тетово, биле затекнати и приведени четири државјанки на Украина, на возраст од 24 до 28 години, кои имале пријавен престој во село Жеровјане, но престојувале спротивно на целта. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК