Centar.mk
фото Министерство за образование и наука
Uncategorized

Јаневска: за оптимизацијата и едносменската настава имаме поддршка од УНИЦЕФ, ефектите од образовните промени се потврдени во извештајот на ЕУ

Оптимизацијата на училишната мрежа и едносменската настава се мерки за поквалитетно образование и позитивно искуство од развиените земји. Во спроведувањето имаме поддршка од УНИЦЕФ. Направена е сериозна анализа за вишокот на објекти, паралелки и наставници и изработен е план за оптимизација. Дополнително, промените кои ги правиме во образованието се добри и тоа го потврдува и извештајот на Европската Унија за напредокот на Македонија за 2026 година.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието во врска со ефектите од оптимизирањето на училишната мрежа и воведувањето едносменска настава.

„Точно е дека затворивме околу 30 подрачни училишта, затоа што нема првачиња или има мал број ученици. Но, кога децата од мали групи ќе се префрлат во поголеми, имаат повеќе можности да се дружат и да се натпреваруваат. Затоа сметам дека треба да продолжиме со ова“, рече Јаневска, споделувајќи лично искуство од посета на поголеми училишта каде има префрлени деца од помали училишта и како што рече – тие се задоволни од спојувањето. Во Карбинци, од Долни Балван се префрлија ученици во Таринци, и учат со повеќе деца, а се презадоволни од таквата ситуација, за што посведочиле и наставниците.

Информираше и дека од вкупно 1.023 објекти на основни и средни училишта, во 620 е воведена едноменска настава, како и дека со оптимизацијата ниту еден наставник не го изгубил работното место.

„Во минатото образованието служело за купување социјален мир. Тоа го правеле сите влади во минатото. Сега нови вработувања ќе има само таму каде што е неопходно. Во Скопје имаме таква потреба, но во одредени градови и други населени места во земјата – навистина нема“, рече Јаневска.

Министерката упати апел до пратениците, вниманието да го насочат кон квалитетот на образованието и ги повика да дебатираат за новите предлог закони за високото образование и науката кои сè уште не се донесени.

фото Министерство за образование и наука

Можеби ќе ве интересира

НОВА АПЛИКАЦИЈА МОЖЕ ДА СПАСУВА ЖИВОТИ – ЦУК подготвува систем за испраќање точна локација и видео при итни случаи

ДЕСК

Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст

ДЕСК

ЦРНА ГОРА ГИ ИЗГЛАСА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ – Со 56 гласа воведена основа за проверка на интегритетот на министрите

ДЕСК