Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Судир на булевар „Македонско-Косовска Бригада“ – тешко повреден 33-годишен скопјанец!

На 24.11.2025 во 16:50 часот во Сектор за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булевар „Македонско-Косовска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишен жител на село Арнакија, скопско, и мопед управуван од 33-годишен жител на Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а повредите биле констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Увид извршила увидна екипа на Сектор за внатрешни работи Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК