Centar.mk
фото илустрација/центар.мк
МАКЕДОНИЈА

Полицијата упадна во угостителски објекти: Приведени пет странски државјанки поради злоупотреба на туристички престој

На 18/19.11.2025 во периодот од 23:00 до 04:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на ОВР Гостивар. Притоа, во угостителски објект на ул.„Илинденска“, сопственост на Ј.А.(49) од Гостивар, затекнати се и приведени В.А.(32), Л.А.(36), А.П.(36) и К.К.(50), сите од Албанија. Додека, во угостителски објект во с.Зубовце, општина Врапчиште, сопственост на лице(50) од Гостивар затекнати се и приведени Е.У.(39) и Џ.К.(25) од Албанија.

Петте албански државјанки се приведени затоа што го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта. Тие се задржани во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК