Centar.mk
Uncategorized

Лажна вест е дека имало настан во кој биле „спасени“ тригодишно дете и тројца возрасни, наводно заглавени на жичарата на Водно

Во врска со бројните медиумски објави за наводен настан во кој биле „спасени“ тригодишно дете и тројца возрасни, наводно заглавени на жичарата на Водно, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје Ве информира дека на денешен ден не е евидентиран таков настан, ниту настан од сличен карактер, соопштија од претрпијатието.

Категорично укажуваме дека содржината е објавена без соодветна проверка и ги доведува граѓаните во заблуда.

Начинот на кој е претставен настанот создава погрешна слика за актуелната состојба и непотребно предизвикува паника и несигурност кај јавноста. Ваквото пласирање на информации, без јасен контекст и без утврдени факти, претставува несериозен и неодговорен пристап.

Од медиумите очекуваме професионално и точно информирање, а не сензационализам и објавување содржини што ја нарушуваат довербата кај граѓаните,велат од таму.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Македонија – црна точка, програма на ВМРО-ДПМНЕ 2030!

ДЕСК

Николовски: Царината успешно спречи обид за шверц на 5.200 штеки цигари – во фокус спречување нелегална трговија со тутун

ДЕСК

Тошковски: До 2050 – нула жртви во сообраќајот во Македонија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.