Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

СИЛНО НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ДОЖД КОЈ НЕКАДЕ ЌЕ ПРЕМИНЕ ВО СНЕГ: Викенд со над 30 литри дожд, недела со студен шок и заснежување на повисоките места!

Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.

Прогноза за 21.11.2025
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 13°C до 19°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).

Прогноза за 22.11.2025
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 13°C до 18°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 23.11.2025
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Променливо облачно, кон крајот на денот со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА НЕВРЕМЕТО: Силен пороен дожд во овие делови од Македонија

ДЕСК

Гимназијата „Никола Карев“ се прости од загинатите Адам, Марко и Петар

C +

Левица: Пропадна и вториот тендер за ветените автобуси на Орце – голготата на скопјани продолжува

ДЕСК