Centar.mk
БИЗНИС

Малите нарачки од странство ќе се оданочуваат со 18 проценти: Покачувањето ќе се пресметува директно во апликациите за онлајн купување

Малите нарачки од странство ќе се оданочуваат со 18 проценти, одлучи Собранието, а според достапните информации даночењето најверојатно ќе се пресметува директно во апликациите за онлајн купување, бидејќи обврската за плаќање на данокот ќе биде кај продавачите, а не кај купувачите.

За законските измени гласаа 59 пратеници, додека 12 беа против.

Законските измени всушност налагаат оданочување на малите пратки до 22 евра, кои досега беа ослободени и од ДДВ и од царина.

Секоја комерцијална мала пратка ќе се одданочува со 18 отсто, а ослободени ќе бидат оние пратки од физички лица кон физички лица и тоа до 22 евра, но тоа нема да важи за пратки кои соддржат цигари или алкохол.

Некои од граѓаните веќе забележале зголемување на цените во некои од популарните апликации, кои веќе во своите понуди пишуваат дека “цените се со ДДВ”.

Популарните платформи за купување го освоија Балканот со евтините, но корисни разновидни производи, како и бесплатната и брза достава.

Можеби ќе ве интересира

„Светот на Биби“ и DexyCo го претставуваат новиот анимиран серијал „The Toothstars“ наменет за глобалниот пазар

ДЕСК

Царина и Централен регистар: нема веќе одење во Царина за потврди за царински долг, Централен регистар со еден клик ги гледа електронски

ДЕСК

ССКМ :Ја поздравува одлуката со која данокот од 5 % останува при прва продажба на недвижности

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.