Centar.mk
photo created by AI
РЕГИОН

Албанската полиција уапси 36-годишен македонски државјанин кој бил баран поради фалсификување пари

Албанската полиција соопшти дека уапсила 36-годишен државјанин на Македонија, по кој била распишана меѓународна потерница за фалсификување пари, пренесува Еуроњуз.

Полицијата информира дека лицето Н.С. (36) било уапсено во Тирана во рамки на акцијата со кодно име „Операција 73“, со цел негова екстрадиција во Северна Македонија.

Според извештаите, 36-годишниот бил баран и од ДВП Драч за кривично дело „кражба“.

Во соопштението се наведува дека тој бил прогласен за меѓународно баран откако Основниот суд во Куманово го осудил на 2 години затвор за кривично дело „фалсификување валута“.

Постапките за екстрадиција ќе ги спроведат Интерпол Тирана и надлежните власти во Македонија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +