Centar.mk
БИЗНИС

Табла јајца и над 330 денари, забележливо поскапување и на други производи – Граѓаните во шок

Граѓаните буквално се шокирани од новите цени кои деновиве беа корегирани во повеќето маркети.

Цена на табла јајца надминува и 330 денари, покрај ова забележано е поскапување и на одредени месни производи.

Целиот овој шок доаѓа во атмосфера на почетокот на зимските слави, имендени, но и на на месец ипол пред големите празници како Нова Година, Божик, Водици кога и граѓаните повеќе се опуштаат во трошењето.

Во повеќе градови, купувачите велат дека веќе прават калкулации – што навистина им треба, а што ќе мора да го изостават, иако е дел од семејната традиција.

Некои дури го намалуваат бројот на гости, а други одлучуваат да готват поедноставни и поекономични јадења.

„Секоја година се радувавме на славите и новогодишните денови. Оваа година, наместо рецепти, пресметуваме што можеме да си дозволиме,“ вели скопјанка која ја сретнавме во маркет.

Поскапувањето на основните прехранбени производи доаѓа во момент кога празниците треба да донесат радост, а не финансиски грижи. Но, со внимателно планирање, солидарност и рационално купување, многумина сепак успеваат да ги задржат традицијата и топлината на празничната трпеза.

Празниците се можеби поскапи — но вредноста на семејството, домот и топлиот збор останува најскап дар што не може да го поскапи ниту еден маркет.

Инфлацијата според последните статистики беше измерена на 4.5 проценти.

Можеби ќе ве интересира

Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година  

ДЕСК

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

ДЕСК

Секој живот е приказна: Mozzart верна поддршка на кампањата за ретки болести

ДЕСК