Centar.mk
ЛОКАЛНО

Данела Арсовска со жесток одговор до Ѓорѓиевски и покана за тв дуел: Ајде објави ги сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш

– Кога се лаже се држат рачињата во формација извежбана од медот, вели екс градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска како реакција на вчерашното интервју на актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски кој обвини дека град Скопје има долг од 300 милиони евра.

-Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш.

– Исто и со име и презиме да ги објавиш сите 500 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници.

– Нека не ти пишува Луке соопштенија за да се пресметуваш, ниту твоите полусветови ботовски да ме навредуваат, бидејќи знае народ дека лажеш. Ако сакаш како МАЖ да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење, порача Арсовска.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Најстроги санкции по свлечиштето на „Теодосиј Гологанов“, нема толеранција за несовесни инвеститори

ДЕСК

Општина Илинден потпиша договор за реконструкција на регионалниот пат Илинден – Јурумлери

ДЕСК

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и годинава ќе постави садови за одлагање на органскиот отпад во пресрет на Курбан Бајрам

ДЕСК